Во наредниот период Општина Аеродром ќе изгради нов парк покрај булеварот „Трета македонска бригада“, а ќе постави и нов систем за полевање на зелените површини и новите садници.
Исто така, за најмладите ќе бидат изградени и шест нови детски игралишта, соопштија од Општина Аердором.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин имаше координативна средба со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, при што разговараа за изградбата на новите паркови покрај булеварите „Февруарски поход“ и „Србија“.