Аеродромци имаат можност да изберат локации на кои ќе се постават

Со цел одбирање на најдобрата локација за поставување на паркингот за велосипеди, општината ги повикува Граѓаните да одговорат на анкетен прашалник преку кој ќе изберат локации за поставување велосипедски паркинзи во општината.

Во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ спроведуван од Центар за климатски промени - Гевгелија, во соработка со Општина Аеродром, планирано е да се постави паркинг за велосипеди (вело-остров) на една од локациите дадени во анкетата подолу.

Со цел одбирање на најдобрата локација за поставување на паркингот за велосипеди, општината ги повикува Граѓаните да одговорат на следниот анкетен прашалник:  https://www.surveymonkey.com/r/JGD8H8L.