Аеродромци и денес засадуваа дрвја

 Општина Аеродром ја продолжи големата акција за засадување дрвја што почна минатата недела.
Во денешната акција на улицата „Тоше Проески“ и во Реонски центар беа засадени над 150 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, а се вклучија учениците и вработените од училиштата „Лазо Ангеловски“ и „Александар Македонски“, дел од советниците, општинската администрација и други граѓани, информираат од општината.

Зазеленувањето останува врвен приоритет на Општината како една од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот и збогатување на просторот со нови дрвја. Предвидено е засадување на околу 3 300 садници за што во буџетот за наредната година се предвидени дополнителни 20 милиони денари за набавка на садници.
Општина Аеродром им се заблагодарува на сите граѓани за својот придонес во зазеленувањето на Општината.