Аеродромци бараат решение за старите фасади со азбесни плочки

Аеродромци реагираат на старите и дотраени фасади на дел од зградите во општината и бараат од локалнат самоуправа, која од неодамна ја предводи Тимчо Муцунски, да се фатат за решавање на ова прашање. 

Освен од естетски аспект, многу поважно е што со санација на старите фасади ќе се добијат и енергетски ефикасни објекти. 

Жителка на Аеродром директно му се обрати на првиот човек на општината во однос на ова парашње:

-Сериозно размислете за потегот на Вашиот колега Стевчо од општина Карпош и неговиот потег за замена на дотраените и стари фасади. Во Ново Лисиче и Аеродром имате стари згради со азбестни, штетни по здравје, плочи кои цел свет веќе ги отстрани од употреба. Во тие згради живеат и смрзнуваат поради дотраена изолација и фасада пензионери со ниски примања кои впрочем се најголемото гласачко тело, пишува таа. 

Таа додава: 

- Ве молам да се потрудите да го решите овој проблем. Господинот Стевчо Јакимовски три мандата, а сега уште еден добива благодарение на тоа што буквално карпошани го сакаат, ценат и почитуваат баш поради овие работи меѓудругото, а постави и лифтови во старите згради. 
Повеќето згради во Општина Аеродром датираат од осумдесеттите години на минатиот век. Фасадите и покривите се дотраени, па граѓаните се соочуваат со загуба на енергија, појава на мувла во становите, протекување од покривите, а замената или обновата на овие делови чини многу, констатираат граѓаните кои бараат со помош на општината заеднички да се реши ова прашање.