Аеродромци бараат од Муцунски конечно да се средат Мичурин и Скопјанка

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, изврши увид во градежните активности зад трговскиот центар „Бисер“ кои веќе подолг период беа закочени. На ова место се поставува плочник, а според преоктот да претходната локална власт треба да никне современ сквер со повеќе содржини

-Како нова локална власт јавно кажуваме дека нема да работиме деструктивно и ќе ги завршиме сите веќе започнати проекти. Но, она што ќе се разликува во наредниот период е тоа што веќе нема вакви проекти, како овој зад Бисер да се работат толку долг временски период и ќе бидат ангажирани повеќе работници, порача Муцунски при увидот.

Тој за оваа календарска година најави и нови капитални проекти кои, како што рече, се од огромно значење за сите нас.

Дел од жителите на една од најголемите скопски општини, Аеродром, пак, се пожалија дека недоволно се посветува време на Мичурин и се реагираше на запуштеноста на Трговскиот Центар Скопјанка. 

-Гледам Нов Аеродром го правите мал Париз. Секојдневно се уредува, се' повеќе и повеќе. МИЧУРИН СЕ ЗАГУШУВА ВО КАЛ И НЕЧИСТОТИЈА! Ниту еден ден, никој со мал прст не помрдна нешто, пишува еден револтиран граѓанин.

-Мичурин до автобуската станица кога ќе се среди, се е земја и кал, а нови згради. Фали и зеленило и паркинг соодветен.

-ТЦ.Скопјанка е запустен мириса на урина, приземјето е хорор, никој ли не го одржува? Нека се освежи фасадата и ѕидовите..Колку убаво име има, не иде да биде грда Скопјанка, вели друг жител. 

-Од најурбана населба Аеродром на што почна да личи? Нека се шири Градот, не да се пренатрупува. Треба културни содржини да се развиваат. Децата нема каде да излезат, па нема ни пристојни шеталишта, освен крајбрегот на Вардар и по тротоарите од Булеварите! Размислете....ТЦ.Скопјанка е крајно запустена...20 години ништо не се вложува, ниту се чисти и реновира, гласи ставот на друг граѓанин.