Аеродром: „Со кого живееме ние?“

Деновиве општината Аеродром повторно затрупана со ѓубре. Очигледно е дека сега жителите на оваа општина не ги почитуваат основните правила на урбано живеење и на одлагање смет. 

Градежен материјал, бела техника, стар мебел и многу други остатоци од домаќинство се најдоа околу контејнерите па и отворија додатна работа на општинската комунална служба.

Граѓаните на оваа општина бурно реагираа на социјалните мрежи:

„Нема крај на безобразлукот. Потребни се поголеми казни за ваква некултура“

„Со кого живееме ние? Ужас!“ - се само дел од критиките за оваквото однесување на дел од сограѓаните аеродромци.