Аеродром ќе добие ново современо спортско игралиште во паркот „Авионче“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска информираше дека општината ќе добие ново современо спортско игралиште.

„Општина Аеродром ги отпочна градежните активности за ново спортско игралиште во паркот „Авионче“ – модерен простор за спорт, дружење и позитивна енергија. Игралиштето ќе биде професионално опремено со врвни кошеви, трибини и услови за натпревари од највисок ранг, вклучително и 3x3 баскет – едно од првите вакви во земјава“, истакна Митески во објава на Фејсбук.

Тој посочи дека веќе во средината на јуни ќе следува голем спортски настан што ќе привлече бројни љубители на баскетот.

„Создаваме современа инфраструктура по светски стандарди, која инспирира и обединува. Аеродром продолжува да инвестира во спортот и иднината на младите“, порача градоначалникот.