Аеродром, Кисела Вода и Марино денеска без струја, вода ќе нема во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија денеска ќе останат следните корисници:

• од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. 23-ти Октомври. (Општина Аеродром)

• од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. Петар Делјан. (Општина Кисела Вода)

• од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Добри Дол. (Општина Сопиште) • од 09:15 до 11:15 часот, корисниците од улиците: 531 , 532 и 533 во нас. Марино. (Општина Илинден)

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека денеска:

• Поради отстранување дефект на водоводна цевка со пречник од Ф 80мм. на улица Иван Аговски, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Иван Аговски, Гиго Михајловски, Руѓер Бошковиќ и Бранислав Нушиќ. ( Општина Карпош )