Аеродром, Карпош и Илинден денеска без струја, вода ќе нема во дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализцаија, ги известува граѓаните дека:

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа денеска (20.03.2023 година), без ел. енергија ќе останат следните корисници:

- Во период од 12,00ч до 16,00ч дел од ул. Благоја Гојан бр.5 (о. Аеродром)

- Од 08,00ч до 16,00ч дел од ул. 1 мв Пуста Кула нас. Илинден, фирмите Де-Та Дејан, Сара Колант, Вили и Ведема (о. Илинден);

- Од 09,30ч до 13,00ч. Дел од ул. Милан Марковиќ и објектите околу бројот 21Б (о. Карпош)

- Од 12,00ч до 15,00ч дел од ул. Алжирска бр. 2А, 2Б и 4, ул. Багдатск бр. 2, 4, 6 и 8 и ул. Дрезденска бр. 14 и бр.12 (о. Карпош) - 08,00ч до 12,00ч дел од ул. Мариовска 1 (о. Аеродром).

Поради поврзување од стара на нова мрежа на ул Димо Хаџи Димов раскрсница со ул Антон Попов, прекинато водоснабдување на ден 20.03.2023 година ке имаат корисниците од ул Димо Хаџи Димов и дел од ул Антон Попов од 08 00 ч.до завршување на интервенцијата. (К. Вода)