Аеродром и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (среда) поради веке закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат:

- во време од 09.00 – 12.00 часот делот спроти паркот во Реонски Центар во Аеродром и тоа ул. 1613 со зградите 22. 24. 26 и 28 (о. Аеродром);

-од 09.00 – 14.00 часот дел од с. Кучково (о. Ѓорче Петров) и

- во време од 09.45 – 13.30 часот ул. Ѓорче Петров бр. 28 – блок 11/3, 11/4 и 11/5, како и зградата бр. 12 (Старскиот дом) и КАМ Маркет (о. Ѓорче Петров).