Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето на кое завршни зборови даваше Обвинителството, рече дека обвинителката Вилма Русковска нема ниту еден доказ со кој се потврдуваат делата кои се пишани во обвинителиот акт.

Бранителот Сашо Дуковски, во име на обвинетиот Бојан Јовановски, пак, рече дека завршниот збор се темелел на вештачење кое не е извршено.

– Гледаме тука дека обвинителката наивно се задржа на снимките кои се незаконски снимени и објавени. По завршување на 

постапката обвинителката се обиде да протне нови докази. Апсолутно не браниме ништо што не е одбранливо, веруваме дека нема ниту еден доказ со кој се потврдува било што од обвинителниот акт – рече Дељо Кадиев.

Дуковски како и претходно, тврди дека не е извршено вештачење на кое се темели обвинителниот акт кој го застапува обвинителката Вилма Русковска.

– Ја слушнавте терминологијата во давањето на завршен збор. На почетокот на завршниот збор се користеше терминот „известие“ и „анализа“ на мобилниот телефон, за потоа да продолжи во „вештачење“, „вештачење’, ‘вештачење“, на мобилниот телефон. Ако го имате во предвид исказот на сведокот форензичар Белкија Рустеми кој беше сведок на Обвинителството и кажа дека не е лиценциран, односно дека нема извршено вештачење во овој телефон, а целиот завршен збор се темелеше на некакво вештачење на некакви разговори, кое не е извршено – Дуковски.

izvor - NovaMakedonija.com.mk