Адвокатот Митровски реагира: Луѓе се стрпани во затвор поради ковид-протоколите

Адвокатот Јанаки Митровски реагира дека треба час поскоро да се донесе законот за амнестија на луѓето кои се гонат за прекршување на ковид-протоколите во пандемијата. Има посеризони криминални, а нема место во затворите!

-Неколку луѓе ме контактираа кои се стрпани во затвор на 3-4 месеци поради неплатени парични казни од 2.000 евра поради прекршување на Ковид наци полицискиот час. И од самиот затвор Скопје( Шутка) реагираат дека има многу посериозни криминалци кои треба да лежат, а само овој месец им се донесени десетици граѓани на одлежување. Добро имате ли два грама ак'л Вие во Собрание, чекате да донесете брз закон за амнестија на овие луѓе?! - порача познатиот адвокат на својот фејсбук профил.