Административната зграда на соборниот храм „Св. Петар и Павле“ доби нов изглед

Благодарение на донации на верници административната зграда на соборниот храм Св. Петар и Павле во општината Ѓорче Петров доби сосема нов лик.

Старите дрвени прозорци заменети се со нови ПВЦ прозори, реновирана е новата крстилница, а заменети се и старите влезни враати со нови.

Во реконструкцијата на објектот е вклучено и реализирањето на новата енергетско- ефикасна фасада на зградата која несомнено ќе придонесе за големa заштеда на енергија, но и се доби и сосема нов лик на објектот, информираат од општината.

-Сакам на сите верници-донатори кои помогнаа во реализирање на овој проект да им упатам огромна благодарност за досега реализираното, а воедно и да апелирам до оние кои до сега не се вклучиле со помош за реализација на овој проект, а тоа сакаат да го направат би ги замолил да и помогнат на црквата во плаќање на прозорците кон добавувачите. Не смееме да ја заборавиме општината и првиот човек градоначалникот Митровски кои секогаш стојат зад секој наш проект и изнаоѓаат начини да ни помогнат, изјави старешината на црквата Коста  Малинов.