Фестивалот за современа музика МОДОАРС 2018 со гордост ви го најавува својот екслузивен уметнички настан „Акустик електроникс“. На 12 април – четврток во клубот „Станица 26“, со почеток во 22 часот ќе се одржи концерт на Ема Попивода – пијано и Александар Петров – тапан со композиции на теми од познати електронски хитови низ историјата на електронската музика – Kraftwerk, New order, Bronski beat, Derrick May, Frankie Knuckles, Prodigy, Orbital, Denny Tenaglia, DJ Rolando, Moby, Takasi Nakajima, The Knife, Layo & Bushwaka, The Shapeshifters….

Визуелизациите за концертот ги изработи Милан Тоциновски, а по концертот следува DJ set на Мирко Попов и Теа Шалдева.