А1 Македонија со нови бенефити за сите корисници на мобилната телефонија

Со A1 Go Social неограничено сурфање и на Twitter без трошење дополнителен интернет

А1 Македонија ја надополнува понудата за сите свои корисници на мобилната телефонија и на листата во A1 Go Social пакетот ја додава атрактивната социјална мрежа Twitter со што корисниците добиваат можност за неограничено сурфање без притоа да трошат дополнителен интернет.

Имено, со активација на A1 Go Social, корисниците можат неограничено да сурфаат на омилените социјални мрежи како што се Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp, без да трошат дополнителен интернет, а од денеска оваа листа е збогатена и со популарниот Twitter. А1 Go Social е достапен за активација на корисниците на тарифните модели од А1 Neo и A1 Neon преку апликацијата Мојот А1 како и преку порака, со SMS текст START SOCIAL на 140400 веб- страницата на А1 Македонија www.A1.mk

За при пејд корисниците, пакетот A1 Go Social е достапен за активација со SMS текст START на 1499 или преку апликацијата Мојот A1. Пакетот А1 Go Social во припејд вклучува и дополнителен 1GB интернет и е достапен за претплата од само 119 денари неделно.

Со оваа понуда, А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба за креирање понуди прилагодени за потребите на секој корисник, овозможувајќи најдобра вредност, врвно корисничко искуство, неограничена комуникација и многу забава.