A1 Македонија, компанија лидер во обезбедувањето на иновативни дигитални решенија, ја лансираше услугата Оперативен центар за безбедност (Next Generation Security Operations Center - SOC) - најсовремена алатка и специјализирани услуги за детекција и превенција на сајбер напади. Оваа услуга претставува значаен чекор напред во обезбедувањето на решенија за сајбер безбедноста на бизнис корисниците, нудејќи највисоко ниво на заштита и брз одговор на сајбер заканите.
Услугата Оперативен центар за сајбер безбедност (Next Generation Security Operations Center - SOC) обезбедува можност за следење, откривање и одговор на потенцијални сајбер напади, а со тоа и сигурна заштита на чувствителните информации на компаниите. Главните карактеристики на центарот за безбедност се: 24/7 мониторирање и одговор на инциденти, напредна детекција на потенцијални напади, комплетен спектар на безбедносни услуги, воспоставување на безбедносни стандарди и тестирање на безбедноста.
“Како овозможувач на дигитализацијата во општеството, А1 Македонија ја носи и одговорноста да обезбеди решенија кои ќе ги заштитат компаниите од несакани сајбер напади. Горди сме што сме прва компанија во земјата која во партнерство со реномирана компанија која работи во областа на сајбер безбедност, лансираме услуга која ќе им помогне на компаниите и јавните институции проактивно и брзо да се заштитат од сајбер закани и без грижи да работат со своите дигитални алатки и мрежни системи,” изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.
Алатката е развиена во соработка со реномирана компанија која работи во областа на сајбер безбедностa ЦПП Services Скопје, а првите корисници на овие напредни безбедносни решенија, од јавните институции и приватниот сектор, се веќе потврдени. На обезбедување на оваа услуга работи тим од експерти за сајбер безбедност од А1 Македонија и CPP Services Скопје, се со цел задоволување на највисоките стандарди на сајбер безбедност.