A1 Македонија четврта година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет

Едукативната програма за деца “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно”на А1 Македонија продолжува и во учебната 2021/2022 година.

Ова е петти циклус на програмата, кој оваа година е предвидено да опфати повеќе од 10 основни училишта во Скопје и целата земја, а започна денеска воО.О.У. „Коле Неделковски“ во општина Центар за учениците од 4-то одделение.

„Продолжуваме со реализација на програмата „Интернетот не e само игра...Кликај безбедно!”која на сите нам во А1 ние особено драга. И оваа учебна година продолжуваме со онлајн предавања за да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот при нивното континуирано учење, надградба и забава, со особен акцент на нивната безбедност при неговото користење. Волонтерите на А1 се подготвени да ги пренесат потребните информации и да опфатат што е можно поголем бројученици”, изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија. 

Партнери на проектот и оваа година се Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата.

Предавањата и оваа година ќе ги реализираат волонтери - вработени во А1 Македонија, кои преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, ќе го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.

Проектот “Интернетот не е само игра...Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година. Во рамките на проектот, предавањата ги проследија повеќе од 2700 четврто-одделенци, од 12 градови во земјава, а активно беа вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата.

Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата. Повеќе информации за едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно”се достапни на веб стрaницата на А1 Македонија на www.a1.mk.