А1 ги носи Розин Марфи, Каролина и Влатко Лозановски на голем концерт во Скопје

Поранешниот ВИП Оператор кој од неодамна се ребрендираше во А1 Македонија ја претставува електро-поп иконата Róisín Murphy на концерт на платото пред А1 Арена.

На настапот ќе настапат и Каролина Гочева заедно со Македонската филхармонија, популарниот македонски поп пејач, Влатко Лозановски и бендот Фенг Шуи. 

Концертот ќе се одржи на 14 септември со почеток од 20 часот, а влезот е бесплатен.