98-годишна жена од скопски Карпош е највозрасната „скенирачка“ на фискални

Маж на 98 години од Радовиш и жена на иста возраст, жителка на скопски Карпош, се највозрасните македонски граѓани кои ја користат апликацијата МојДДВ и скенираат фискални сметки.

Во евиденцијата на Управата за јавни приходи има уште неколку лица постари од 90 години кои скенираат сметки и добиваат поврат на ДДВ.

Во Велес, Сарај и Центар има неколку 97-годишници, а во Струмица три лица на 96 години кои скенираат фискални сметки.

-Апликацијата е прифатена од лица на возраст од 15 до 98 години, рече вчера директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа најавува дека од 1 јануари наредната година ќе има измени, со кои наместо 1.800 денари, лимитот за поврат на средства за тримесечје ќе се зголеми на 2.100 денари.

-Жените повеќе ја користат апликацијата. Согласно статистиката до крајот на мај годинава 245.929 корисници на Мој ДДСВ се од женскиот пол, додека 212.598 се мажи, вели Лукаревска.