
Штипјанецот Димитар Пилешков направи неверојатен спортско-рекреативен подвиг, возејќи со велосипед од Штип до манастирот Острог во Црна Гора и назад до својот град. Оваа позитивна вест ја објавија на фејсбук страницата „Штип Тудеј“.
960 километри. Неколку држави. Безброј километри искачување. Дожд, замор, болки и само една мисла – до крај...

- Димитар заедно со другарот Дарио тргнале во големиот предизвик, а поради повреда на коленото Дарио морал да се врати со автобус. Димитар, пак, продолжил сам до целта. Од Штип, преку Феризај, Беране и Острог, па преку Тирана, Брвеница и назад до Штип – 960 километри чиста истрајност, храброст и спортски дух! На крајот, најважна не била километражата, туку желбата да се почне и да се заврши она што си го замислил, споделија со гордост сограѓаните на Димитар.
Голем подвиг. Голема волја. Голема штипска гордост!