96 нови ковид случаи за три дена

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.09 до 26.09.2022):

Направени се 962 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 66, Куманово - 5, Велес – 4, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Битола и Штип – по 2, Гевгелија и Неготино – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Куманово и Прилеп – по 21, Битола - 19, Охрид и Штип – по 12, Ресен и Делчево – по 10, Струмица – 8, Велес и Кавадарци – по 6, Гевгелија, Радовиш и Крушево – по 5, Демир Хисар – 4, Тетово – 3, Кичево, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Неготино, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (24.09 - 26.09.2022) пријавено е едно починато лице, од Скопје (87г) и истото е починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица. Од починатите лица, 2 се пријавени од Скопје (91г и 89г) и едно лица од Кавадарци (71г). Од пријавените починати лица, 2 се починати во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08 до 15.09.2022 година.

Направени се 962 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-104, ЦЈЗ Битола-19, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–46, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-23, Биотек-38, Систина-14, лабораторија Лаор-8, Синлаб-2, Ремедика-5, Плодност-0, Генеа-3, Никоб Лаб-48, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 441.

Досега во земјата се направени вкупно 2.166.641 тестирање на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.615, бројот на оздравени пациенти е 332.710, на починати е 9.531, а бројот на активни случаи изнесува 374.