92-годишна жена има моќна порака за сите: Среќата е избор!

Во 8 часот наутро, 92-годишна баба по име Татјана, веќе е облечена, дискретно нашминкана, уредно исчешлана. Подготвена е да се пресели во старечки дом.

Сопругот неодамна ѝ починал. Наспроти часовите кои ги минуваше во трпеливо чекање, сериозно седејќи без да се помрдне, а се насмевна само еднаш: Кога ѝ беше кажано дека нејзината соба е подготвена. На патот кон лифтот, медицинската сестра ѝ објасни како ќе изгледа нејзината соба.  Ќе има завеси кои ќе личат на прозорци. 

„О, ќе ми се допаѓаат завесите“, тоа беше првото нешто што го кажа баба Татјана и тоа со ентузијазам на дете кое ја добило играчката која ја сака. Сестрата се уплаши од преранетите реакции и можното разочарување, па вниматено рече: „Да почекаме да ги видите. Можеби нема да ви се допаднат.“

Тогаш баба Татјана рече: „Не е важно. Среќа е она што однапред ќе го одлучите. Како изгледа мојата нова соба, не зависи од распоредот и изборот на мебел, туку од начинот на кој функционира мојот мозок. Таа одлука ја носам секое утро, штом се разбудам. Имам избор: да го поминам целиот ден во кревет размислувајќи за мојата болест и деловите од моето тело кои повеќе не ми припаѓаат или да чувствувам радост и благодарност секој ден. Секој ден го доживувам како подарок и додека сум жива, ќе мислам само на убавите спомени.

Старост е како сметка во банка, ги подигнуваш парите кои сам си ги ставил. Им советувам на сите на својата сметка со спомени да ставите што е можно повеќе среќни моменти.“

Подоцна додаде и пет сосема едноставни правила на среќните луѓе:

  • Исчисти го срцето од злоба.

  • Исчисти го мозокот од грижи. 

  • Живеј што е можно поедноставно.

  • Давај што е можно повеќе.

  • Не очекувај премногу.