92-годишна скопјанка смртно прегазена во Кисела Вода

92-годишна скопјанка е прегазена од товарно возило. 

На 02.02.2023 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје, товарно моторно возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(40) од с.Богомила, велешко,  удрило во пешакот Б.М.(92) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнала на повредите, информираа од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.