92-годишен возач со „венто“ прегазил тројца пешаци

 

92-годишен возач со „венто“ прегазил неколку пешаци во тетовско. 

- На 28.10.2024 околу 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Жеровјане патничко возило „венто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.Ф.(92) од село Жеровјане, удрило во пешаците И.С.(65) и О.С.(69) од с. Жеровјане и М.З.(66) од с. Теново. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Ф. и пешакот О.С., додека И.С. и М.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, соопштија денеска во полицискиот билтен. 

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.