92-годишен делчевец фатен како вози со 2.07 промили алкохол во крвта

Возел со 2,07 промили алкохол во крвта! Полицијата уапси 92-годишник кој под дејство на алкохол возел „пежо“ по полноќ. 

- На 07.06.2026 во 00:30 часот на ул.„Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.Т.(92) од Делчево. При контрола во сообраќајот, полицискитре службеници сопреле патничко возило „пежо“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,07 промили алкохол во крвта, информираа од полицијата.