90 санкции за возачите во Скопје - возеле пијани, без дозвола, со нерегистрирани возила...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

- На територија на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина три санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон, три мерки за нерегистрирани возила, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.