
90-годишен жител на тетовско село бил измамен за 3.000 денари, откако непознато лице му дало фалсификувана банкнота од 50 евра при наводна размена на пари.
„На 08.10.2026 во 14:00 часот во Полициското одделение Теарце, 90-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 денари. Според пријавеното, на 07.10.2026 во Тетово, лицето му се доближило и побарало од него да му размени 50 евра, по што тој му дал 3.000 денари, а лицето му дало банкнота од 50 евра. Откако пристигнал дома забележал дека банкнотата е фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од СВР Тетово.