9 видови болка кои се поврзани со нашата психа

Различните видови болка доаѓаат од различни делови од телото, но често нашата психа има огромно влијание на тоа каде чувствуваме болка.

Болка во главата

Стресот често предизвикува различни проблеми и промени во нашето здравје, но првиот знак на негово негативно влијание е болката во главата. Таа особено се манифестира во делот на слепоочниците. Доколку чувствувате болка во главата, потрудете се да најдете начин да се опуштите и заборавите на стресот.

Болка во вратот

Доколку чувствувате тензија и болка на вратот, можеби е време да си простите себеси или на другите. Ваквата болка е предизвикана од негативните мисли кои се предизвикани од бесот, особено кога некоја личност не повредила.

Болка во рамената

Ваквата болка значи дека носите огромен емоционален товар. Потребно е да утврдите што го причинува тоа и да се потрудите да ги решите проблемите кои можете да ги решите, но и да ги елиминирате оние на кои немате никаква контрола. Размислете колку од тој товар доаѓа од самите вас, а колку е предизвикан од другите луѓе околу вас.

Болка во горниот дел на грбот

Болката во горниот дел на грбот значи дека немате доволно емоционална поддршка од блиските. Се чувствувате несакано. Потрудете се да се поврзете со некоја од блиските личности или пак да запознаете некоја личност на која би можеле да се потпрете.

Болка во долниот дел на грбот

Ваквата болка може да значи дека премногу сте загрижени за парите. Ве мачи финансиската ситуација, можеби некому должите или пак сакате да имате повеќе финансии за да си овозможите повеќе работи.

Болка во лактите

Болката во лактите укажува на отпор кон промените во животот. Ако имате укочени раце, можеби сте имале тежок живот кој го насобрал стресот во овој дел од телото. Потрудете се да најдете сила да се опуштите, да заборавите на тоа што се случило и да најдете спокој.

Болка во рацете

Ваквата болка значи дека не можете да допрете до другите луѓе на начин на кој би требало. Бидете отворени кон другите луѓе, но и нови пријателства и не им судете на другите.

Болка во колковите

Ваквата болка означува страв од иднината. Таа покажува дека имате отпор кон промени. Можеби сте премногу претпазливи кога донесувате одлуки и се плашите дека промените ќе бидат негативни.

Болка во колената

Болките во колената укажуваат на големо его и превисоко мислење за себеси. Бидете подобра личност, помогнете им на другите. Свртете се и кон нив.