9 совети за здравје, исхрана и фитнес од еден монах

“Издигнете се над глупостите и превземете контрола врз својот живот!”, цели Педро Шоџај, автор на “Градскиот монах: Источни мудрости и напредни трикови како да го запрете времето и да ги откриете успехот, среќата и мирот”. Не сте очекувале вакви зборови од еден свет човек, нели?

Е, Педро не е типичен монах. По поминати 4 години во манастир и монаштво, сега тој е женет со деца и сака да ја сподели мудроста со светот.

“Градскиот монах ја внесува целата своја енергија во работи кои сака да ги направи, но никогаш не успева, затоа што на крајот на денот нема сили за нив”, објасни Шоџај.

И бидејќи тој знае како да ја чува и канализира енергијата, одлучи да им помогне на другите да го постигнат спокојството и своите цели.

Како да останете во сегашноста:

– Дишете во бањата. Заклучете се во бањата и дишете и издишувајтее длабоко неколку пати. Ова ќе ви помогне да го смирите умот и да постигнете хармонија со себе.

– Кажете “здраво” на мајката природа. Само може да се отвори прозорецот, да ги затворите очите и да го оставите сонцето да ви ја погали кожата, веднаш ќе се наполните со позитивна енергија.

– Вежбајте. Одвојте барем 10-15 минути за стомачни, склекови, сквотови или други вежби.Тоа монасите го нарекуваат “активна медитација” и таа е доста важна и освежувачка.

Зачинете ги јадењата за силно либидо:

– Цимет: “Тој го загрева телото и ја зголемува циркулацијата (во одредени зони)”. Ставете го во колачиња и додадете кокосово масло, што е уште еден афродизијак.

– Женшен: “Се зголемува сексуалната енергија”. Може да го додадете во маслото, со што ќе приготвите печено пилешко или друго јадење за вечера.

– Шафран: “Богат е со антиоксиданси и го засилува либидото”. Измешајте го со мед и  пијте го со различни пијалоци или слатки. Живејте како Ескимите.

Променете го ставот:

– “Луѓето кои ја сакаат зимата, се забавуваат вистински”, тврди Педро. Има толку работи кои може да ги правите во оваа сезона и се корисни за здравјето и телото. Да, ладно е, но пак може да одите на скијање, лизгање, да го разбудите детето во себе со една снежна борба и така ќе го исполните не само телото, туку и ќе се ослободи вашиот мозок барем за кратко од секојдневните грижи.

– Релаксирање: “Зимата е сезона за опуштање”. Дури и да сте манијак на тема вежбање, може да си дозволите полесен режим без да се преоптоварувате во зима, тренирајте за тонус и здравје, а повисоките цели оставете ги за пролет, кога ќе може и да се прошири исхраната.

– Набавете си соодветна опрема: “Опремата е како втора кожа”. Поради студот луѓето се навлекуваат со катови облека, но е важно тие не само да се топли, туку и удобни и да му даваат шанса на телото да дише.