
Деветгодишно дете било физички нападнато од неколку малолетници на спортско игралиште во тетовско средно училиште, при што еден од нив употребил и дрвен предмет. Детето се здобило со тешка телесна повреда.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 13 октомври во 00:05 часот во СВР Тетово од страна на 39-годишниот татко на детето.
- Нападот се случил на 12 октомври околу 19 часот. На повреденото дете му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Тетово, каде што лекарите констатирале тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.