9-годишниот Максим од Скопје предизвика бура од реакции со својата благородна идеја (ВИДЕО)

Илјадници реакции, споделувања и коментари, над 20.000 прегледи за неколку часа собра видео-приказната на „Радио Слободна Европа“ за Максим Каески, 9-годишниот ученик од Скопје.

Ова момче упати силна порака со својата постапка. 

Деветгодишниот Максим Каески веќе неколку години пушта коса. Бидејќи му се допаѓа да е долга како на некои од неговите идоли, но, уште поважно - за кога ќе порасне доволно долга да ја скрати и донира за перика за дете болно од рак.

Вели дека татко му го советувал како да им одговара на оние што го задеваат за изгледот и му го покажуваат патот до женскиот тоалет во училиштето.

Сака музика, фудбал и сѐ поврзано со вселената, а се надева дека неговиот пример за донација ќе го следат и други деца. Уште неколку сантиметри па ќе закаже термин на фризер, a потоа би ги повторил целиот процес. 

Погледнете што вели овој мал скопјанец: