
Изминатите 24 часа најголемо количество воден талог било измерено во Амзабегово, светиниколско, каде што наврнале 88 литри на метар квадратен.
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следуваат Струмица со 50 литри на метар квадратен, Градско со 29, Кавадарци и Бовин со по 26, Радовиш со 23, Коџалија со 18, Штип со 13, како и Берово, Ѓуриште и Демир Хисар со по 10 литри на метар квадратен.
Помали количества се регистрирани во Крушево, Водоча (по 9 л/м²), Демир Капија, Скопје – Петровец, Јасен (по 8 л/м²), Виница (7 л/м²), Тополчани (3 л/м²), Велес, Прилеп (по 2 л/м²), а по 1 литар на метар квадратен е измерен во Битола и Скопје – Зајчев Рид.
Од УХМР напоменуваат дека дадените вредности се измерени на нивните дождомерни места.
„Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената“, посочуваат оттаму.