86-годишник и неговиот 60-годишен син се обиделе да силуваат млада жена во гостиварско

Двајца мажи од Гостивар, 86-годишен татко и неговиот 60-годишен син, се лишени од слобода по пријава за физички напад и обид за сексуален напад врз 33-годишна жена од Тетово.

Според пријавеното во МВР, инцидентот се случил во угостителски објект во село Леуново, гостиварско, каде што жената пријавила дека сопственикот на објектот и неговиот татко физички ја нападнале и се обиделе да извршат обљуба врз неа.

Полицијата ги привела двајцата вчера околу 13:30 часот и ги задржала во полициска станица.

По целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат соодветна пријава.