86-годишник фатен на скопскиот аеродром со куфер полн муниција

86-годишен Косовец уапсен на скопскиот аеродром. Во куферот полицијата му пронашла муниција. 

 - На 12.05.2026 во 13:05 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишија од слобода В.К.(86) од Косово, затоа што при гранична контрола, во неговиот куфер била пронајдена и одземена пиштолска муниција, информираа денеска од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.