85 милиони денари инвестиција за реконструкција на повеќе улици и тротоари во Аеродром

85 милиони денари инвестиција за 33.000 м2 - реконструкција на улици и тротоари во Општина Аеродром. Ова денеска го сподели градоначалникот Дејан Митески на своите социјални мрежи.

Како што е наведено во објавата, предвидените капитални инфраструктурни проекти за обнова на улиците:

- Анастас Митрев (Мичурин) - 6.730м2;

- Сервисни улици на бул. Јане Сандански (детска градинка Бамби) - 15.500м2;

Во населба Лисиче:

- Димитар Македонски - 4.210м2;

- Лавчанска Корија - 560м2;

- Арх. Сотир Томовски - 1.520м2;

- Ернест Телман - 4.210м2;

Тој додаде дека интензивно се работи и се инвестира во подобрување на патната инфраструктура и зголемување на безбедноста во сообраќајот.