81 нов случај на Ковид-19 за 24 часа - нема починати лица

Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информира дека во последните 24 часа, регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19. 

Повторно, најголем дел од нив се во Скопје. Потоа следува Битола со 6, Кавадарци – 4, Куманово – 3, Прилеп и Тетово – по 2, Велес, Струмица, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовош, Свети Николе, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции. Регистрирани сe и 77 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Велес – 8, Куманово – 5, Кавадарци и Прилеп – по 2, Тетово, Штип, Гевгелија, Неготино, Кратово и Кичево - по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица, а направени се 734 тестови, информира Министерството за здравство. 

Досега во земјата се направени вкупно 2.169.626 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.961, бројот на оздравени пациенти е 332.932, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 495.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје, активни се 313 случаи.