
Уште еден пешак настрада на македонските патишта. Жена е тешко повредена откако била прегазена од возило во Велес.
- На 02.10.2025 околу 18:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(62) од Велес, удрило во пешакот Б.Ј.(81) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Ј., констатирани во Општата болница Велес, информираа од полицијата.
По наредба на jавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.