80-годишник каснат од улично куче во Илинден

80-годишник од скопски Илинден вчера пријавил дека бил каснат од улично куче. 

- На 17.05.2023 во 19.50 часот во Полициското одделение Петровец, К.Т.(80) од Скопје пријавил дека во населба Илинден - Скопје бил каснат од куче скитник, стои во денешниот полициски билтен. 

Регистрирано е уште едно каснување во Ѓорче Петров. 

- На 17.05.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, О.Н.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„Алексо Демниевски“ бил каснат од куче скитник, соопшти полицијата.