80-годишен велосипедист од Прилеп е тешко повреден во сообраќајна несреќа со мопед

80-годишен велосипедист е тешко повреден по сообраќајна несреќа што се случила вчера во Прилеп.

Како што информираат од СВР Битола, вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Прилепски Бранители“ и „Тризла“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „Томос“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.У. (33) од Прилеп, и велосипед кој го управувал А.К. (80) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои биле констатирани во Општата болница во Прилеп.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, а се преземаат мерки за целосно расчистување случајот.