80 денари нес кафе, 200 денари лежалка за цел ден - еве ги цените од Преспа

Многумина наместо на море во соседна Грција решија да се разладат во водите на Преспанското езеро. 

Пријатната вода, чистиот воздух и убавите песочни плажи натераа многумина одморот да го поминат таму. 

Ниските цени се дополнителен фактор сместувачките капацитети на Преспанското крајбрежје да се полни до врв. Според она што може да се забележи, цените во Преспа се за сечиј џеб. Лежлки од 200 до 300 денари за цел ден. Кафе од 40 до 80 денари. Цеден портокал 100 денари, а лимонада 80. Сендвичи по цена од 100 до 120 денари. 

Се уште е почееток, но се очекува убава сезона, велат угостителите и домаќините. Очекуваат бројката од минатите години да се надмине.