8 декември, вторник, неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 8 декември, вторник, „Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Свети Климент Охридски (роден во околу 840 година – починал на 27 јули 916 година во Охрид) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените.

Свети Климент Охридски бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3.500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.