7800 слободни работни места

Над 7.800 слободни работни места во првиот квартал годинава, објави државната статистика.

Најмногу работници се бараат во преработувачката индустрија. Непополнети  во овој сектор се над 2.600 илјади места. Следува трговијата на големо и мало, за каде се бараат 1,500 лица. Во секторот администартивни и помошни услужни дејности  слободни се 600 позиции. 

Според статистичките податоци,  484 илајди лица се во работен однос, а 220 илјади не можат да најдат работа.. Најголем дел од неврабоетнитѕ се со средно образование за кои  пазарот на труд има најголема потреба. Ескпертите велат, платата не е секогаш одлучувачка . Потребно е постојано да се вложува и во постојните вработени.

Според статистичките податоци во средните претпријатија, со 10 до 49 вработени, но и во фирмите со над 250,  има најмногу слободни места.  Вардарскиот и пелагонискиот регион имаат најголема потреба од работна сила.