78 санкции за непрописно престигнување на територијата на цела држава

Денеска (22.12.2021) во периодот од 07.00 до 10.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 78 возачи.

Од нив, 18 на територијата на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Охрид, 14 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Скопје...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.