75 нови ковид случаи изминатото деноноќие

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 887 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 38, Куманово – 8, Велес – 6, Кавадарци – 4, Охрид, Кичево и Гевгелија – по 3, Битола, Прилеп и Штип – по 2, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 21 реинфекција.

Регистрирани сe 99 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Кавадарци и Прилеп – по 7, Куманово – 6, Охрид – 5, Велес и Тетово – по 3, Штип, Гостивар, Кочани и Кратово – по 2, Гевгелија, Битола, Неготино, Крива Паланка, Берово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа,  не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Направени се 887 тестови: ИЈЗ-11, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–91, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-17, Биотек 25, Систина-9, лабораторија Лаор-4, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-8, Никоб Лаб-30, ВФВ Медикал-2, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 126.

Досега во земјата се направени вкупно 2.163.701 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.323, бројот на оздравени пациенти е 332.150, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 649.