75-годишник од тетовско прободел соселанец поради нерасчистени односи околу пат

Вчера во 10:30 часот во ПО Жеровјане било пријавено дека во село Милетино, тетовско, во близина на центарот, поради нерасчистени имотно-правни односи околу пат, М.К. (75) од Милетино со остар предмет му нанел повреда на Т.К. (66) од истото село.

Како што се наведува во полицискиот билтен, повредениот со возило на Итна медицинска помош Тетово бил пренесен во Ургентен центар Тетово за укажување лекарска помош.

На местото на настанот бил извршен увид, а пронајдените траги од крв и остриот предмет биле обезбедени.

М.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.