
Повозрасна жена-пешак завршила во болница откако викендов била удрена од возило „шкода“ на крстосница во Аеродром.
- На 28.03.2026 околу 09:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од сервисна улица и бул.„Јане Сандански“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.К.(68) од Скопје удрило во 75-годишната Р.Т. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Р.Т., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, стои во полицискиот билтен.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.