48-годишниот А.Б. од Скопје пријавил дека бил нападнат од 75-годишна жена во скопски Аеродром.
„Вчера во 20.27 часот во СВР Скопје, А.Б.(48) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од 75 – годишната Р.Н. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.