
75-годишен жител на Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди откако бил прегазен од трактор во дворот на својот дом.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера околу 20:00 часот, кога повредениот бил донесен во Општата болница во Кавадарци, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Според првичните информации, несреќата се случила додека мажот го стартувал тракторот стоејќи покрај него, по што возилото се придвижило и го прегазило.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.