74 санкции за непрописно престигнување за едно деноноќие

Во текот на вчерашниот ден (19.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 74 возачи.

Од нив, 34 на територијата на СВР Тетово, 23 на територијата на СВР Охрид...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потсетуваат од МВР.