74-годишна скопјанка прегазена на раскрсница

Повозрасна скопјанка вчера попладне била прегазена на скопска раскрсница. Завршила во болница со тешки повреди. 

- На 08.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Московска“ со ул.„Женевска“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(54) од Скопје, удрило во 74-годишната Љ.В. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.В., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информираа од МВР во дневниот билтен. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.